Може ли Huawei да ги привлече корисниците само со хардвер?

Дејан Соколоски

во feature, Вести, Мобилни

Huawei го најави Mate 30 Pro, новиот „flagship“ телефон на компанијата. Веројатно ова ќе биде телефонот си најдобар хардвер кој ќе се мачи со продажбата. Најважното прашање кое Huawei ќе мора да го одговори пред да започне продажбата е дали и како ќе ги замени сите сервиси кои на Android доаѓаат од Google.

Хардверот е навистина најдобриот кој може да се побара на Android телефон. Mate 30 Pro доаѓа со 6,5-инчен екран заоблен на краевите, a Мате 30  доаѓа со рамен екран и е нешто поголем, 6,6-инчи. Телефоните доаѓаат со 4500 mAh и 4200 mAh батерии. Ова е првиот телефон на Huawei кој ќе доаѓа со новиот Kirin 990 чип и првиот телефон на Huawei кој доаѓа со вграден 5G  модем. Камерата е уште еден одличен елемент, има 4 објективи: ултра-широк, супер чувствителен, телефото и објектив за 3Д длабчна. Доаѓa со 45х оптички зум и OIS и AIS стабилизација на слика.

Сепак причината поради која Huawei ќе се мачи да го продава телефонот во развиените држави не е хардверот.  Ова е еден редок случај во кој не е проблем хардверот што доаѓа со телефонот, туку работите што недостасуваат, а недостасува многу. За почеток телефонот доаѓа со EMUI 10 базиран на опен сорс верзија на Android 10, а не на лиценцираната верзија на Google, вели извор за Reuters. Друг проблем е недостатокот на Play Store, Gmail, YouTube, Google Maps. Huawei ќе креира сопствен интерфејс од кој корисниците ќе може да дојдат до дел од овие апликации, но како ова ќе изгледа сè уште е непознато.

Huawei не откри баш за новиот уред, кога започнува испораката како и колку ќе чини телефонот засега е непознато.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии