Може ли Google да стане мобилен оператор? Првиот обид е со Project Fi

Project Fi ја откри амбицијата на Google да биде оператор преку кој ќе тече и мобилната комуникација. Google веќе го нуди Fiber, кој е супербрз широкопојасен интернет што се доставува во некои градови во САД, и сега компанијата ќе се обиде да го реплицира тоа и со мобилна мрежа.

Засега таа комуникација ќе оди преку изнајмените мрежи на американските Sprint и T-Mobile. Google ќе биде виртуелен оператор, но Fi ќе функционира и преку WiFi. За почеток услугата е достапна само на корисниците на Nexus 6 телефоните во САД, но нема сомнеж дека Google би сакал да ја прошири на сите Android телефони. За Fi нема да се користи традиционалниот бизнис план со вржување со договори, туку се плаќа 20 долари за неограничени разговори и пораки и 10 долари за гигабајт интернет.

Интересно, ќе се плаќа колку што се користи, па ако корисникот плати за 20 GB, а искористи само 10, ќе му бидат вратени десет долари. Што се однесува за мобилниот интернет, Google им гарантира на корисниците добар 4G бидјеќи автоматски ќе ги префрла помеѓу двете мрежи на Sprint и T-Mobile, зависно од која има подобра 4G покриеност на локацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии