Може ли Assasins Creed Unity да помогне во реставрацијата на катедралата Нотр Дам?

Речиси целиот свет со неверување ги следеше снимките од големиот пожар кој ја зафати Богородичната црква во Париз. Дел од катедралата е спасена од пожарот, но сè уште е во прашање стабилноста на структурата. Плановите за повторна изградба и поправки се веќе за почнати, а неколку милијардери веќе донираа 300 милиони евра за целосно обновување. За среќа дел од артефактите кои се чуваа во катедралата се спасени.

Во пожарот изгореа 2/3 од целиот кров на катедралата, а се урна и централната кула позната како „стрелата“, објасни заменикот министер за внатрешни работи на Франција, Лорен Нунез,

Ако има некаква добра вест тоа е дека не така одамна се направени целосни 3Д снимки на катедралата. Историчарот Ендрју Талон во 2015 изработи 3д модел на катедралата со помош на ласери за целосно мапирање на Нотр Дам.

„Ласерските скенер со нивната исклучителна прецизност не пропуштаат ништо. Фиксирани на трипод ласерските зраци ја скенираат катедралата и го мерат растојанието на секоја точка. Секое мерење се претставува со обоена точка. Збирот од сите мерења го креира три-димензионалната слика на катедралата. Ако работата е завршена добро мерењето е со точност од 5 милиметри“, вели г.Талон за National Geographic.

Неочекувана помош доаѓа од индустријата за видеоигри. За потребите на Assassin’s Creed Unity, Каролина Миуси помина две години во креирање на виртуелна копија на каедралата. За играчите на оваа видеоигра ова веројатно и не е изненадување. Катедралата е најголема зграда и фокус на овој дел на Assassin’s Creed. За потребите на играта не само што моделот на целата катедрала е детално рекреиран, туку и секоја цигла е на своето место. Дел од предностите за реставраторите ќе бидат што во Assassin’s Creed Unity катедралата не  е пренесена како историски точна копија. Во периодот на играта катедралата е без кулите, но девелоперите сепак се решија за сегашниот изглед кој е далеку попрепознатлив за играчите, пренесе Verge.

3 коментари на “Може ли Assasins Creed Unity да помогне во реставрацијата на катедралата Нотр Дам?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии