Може да ви ги контролираат телефоните без да знаете, вели Едвард Сноуден

Без разлика колку мислите дека се безбедни вашите паметни телефони, агенциите можат едноставно да се здобијат со контрола врз нив, вели Едвард Сноуден за BBC. Главен фокус на интервјуто е Британската агенција за разузнавање GCHQ за која г. Сноуден тврди дека агенцијата може да ги следи своите жртви. Но, тој овојпат откри и дека GCHQ испраќа криптирана текст пораки со кои може да се здобие со контрола над телефонот и да го користи за фотографирање, да го вклучи телефонот и да прислушува.

Интересно за разлика од САД каде кодните имиња на програмите за прислушување се кратенки, британската GCHQ ги користела имињата на Штрумфовите. Штрумф Спанко (Dreamy) и штрумф Љубопитко (Nosey) се имињата на алатките кои овозможуваат вклучување и исклучување на телефонот, односно вклучување и исклучување на микрофонот. Агенцијата користи алатки со кои може да ги скрие своите злоупотреби, но и алатки со кои може да фотографира од телефонот. Фотографирањето се прави со специјална порака, корисникот ќе ја плати, но никогаш нема да ја забележи и нема податоци за неа. „Велат и најчесто е точно, дека никогаш нема да ја прочитаат вашата електронска пошта, но можат да го направат ова, а вие никогаш нема да знаете“, вели г. Сноуден.

Одговорот на GCHQ е дека се што прават е во согласност со законите на и политиката на агенцијата, но Владата на Обединето Кралство одби да коментира дали користи вакви алатки за надзор и следење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии