Може да ги најдете сите твитови од почетокот на Twitter

Сега можете да го пронајдете секој јавен твит од почетокот на Twitter па до денес. Ово го овозможува пребарувачот кој содржи на 100 милијарди индексирани твитови, јави Twitter на својот блог. Станува збор за едноставен пребарувач во кој можете да пребарувате збор или хаштаг, а во напредното пребарување можете да наместите: период за кој пребарувате, автор на твитот, локација, како и период во кој се креирани твитовите.

Иако дел од овие твитови се дел од историјата, на пример твитовите од: арапска пролет, нападот на маратонот во Бостон, Светско фудбалски првенство или Олимпијади, сепак дел од твитовите се глупости кои посакувате да ги избришете, уште повеќе што сега може одненадеж да се појават во некое пребарување. Доколку поради некоја причина сте загрижени поради ова, Guardian направи листа на можни мерки кои можете да ги преземете.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии