Mount Descent е игра направена за два дена

За правење едноставна, но интересна игра некогаш и не е потребно многу време. Mount Descent e жив доказ за тоа.

Инспирирана од Marble Madness, ова е игра која ве предизвикува така што бара од вас да управувате со топка низ планина и да собирате парички по патот. За да ја придвижите топката, потребно е да ја ротирате планината нагоре, надолу, лево, или десно. Камерата, пак, ја ротирате за да добиете подобар увид во околината.

Mount Descent е направена за неполни три дена и може да се игра директно од прелистувачот. Доколку сакате, играта можете и да ја преземете и покренете на цел екран во Windows 7/8/10, или Linux.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии