Motorola претстави Android десктоп компјутер

Motorola го објави својот нов десктоп компјутер во Кина кој работи на Android оперативниот систем. Motorola HCM3260 има 18,5 инчен екран на допир и на истиот можете да гледате филмови, играте игри, прелистувате на интернет и нормално, да користите Android апликации.

Звучи одлично, но нема некои добри спецификации, иако може да ги извршува сите горенаведени работи.

  • Freescale I.MAX53 ARM Cortex A8 1GHz процесор
  • 1GB DDRM и 4GB NAND меморија
  • Приклучување на безжична мрежа и LAN (PPPoE / DHCP +, …)
  • Приклучување на ТВ и видео клиент
  • Android 2.3.4 Gingerbread со модификации

Многумина не веруваат дека ќе успее уредот, со оглед на тоа дека Android не е замислен како таков оперативен систем. Барем до сега, ниту една поголема компанија не започнала да работи на такво нешто, па овој уред на Motorola може да оцени како експеримент. Сепак, интересен е концептот и идејата на Motorola искуството на еден оперативен систем наменет за мобилен да го пренесат на десктоп.

Цена сѐ уште нема, но изгледа дека ќе биде наменет само за кинескиот пазар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии