Motorola ќе претстави нов Moto Razr

Дејан Соколоски

во Вести

Moto Razr е нов, или ќе биде нов телефон со флексибилен екран кога ќе излезе. За разлика од другите телефони кои се превиткуваат по должина како книга, Razr се превиткува како постарите флип модели. Сепак ако има нешто заедничко помеѓу овие различни модели, тоа секако е цената. Новиот телефон од Motorola доаѓа за 1 500 долари.

Местото на кое екранот се преклопува во овој телефон е многу послободно отколку кај конкурентите и преклопот е поширок. Со ова се избегнува, или барем се намалува можноста од уништување на екранот при постојано повторено отворање и затворање на телефонот. Екранот е 6,2 инчи со  резолуција од 2142 х 876.

Motorola секако не е популарен бренд од Samsung, кој оваа година започна со продажба на телефон со флексибилен екран, но овој телефон некако изгледа попривлечно. Ова секако можеби е поради носталгија и потсетување на првите флип телефони, но овој уред некако „функционира“ повеќе од „книгата“ која ја претставија дел од конкурентите.

Еден од поголемите проблеми е што телефонот делува преголем и кога е отворен и кога е преклопен. Кога е преклопен разбирливо димензиите му се помали, но е премногу дебел, а сепак помал отколку што сме навикнати.

Почетокот на претпродажба е во чуден период. Razer започнува да се продава од 26 декември, или по завршетокот на Божиќните празници и шопинг во најголем дел од пазарите. Испораката започнува на 9 јануари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии