Motorola го претстави првиот 5G смартфон во светот

IT.mk редакција

во Вести

Motorola е првиот производител кој ќе ги поврзе мобилните корисници со 5G мрежа користејќи ја moto mod технологијата.  Со 10 пати повисока брзина од современата безжична технологија, помалку задоцнување и поширок фреквентен опсег, пристапот до 5G мрежите ќе ја зајакне мобилната поврзаност и драстично ќе го подобри смартфон искуството.

Motorola соработува со Qualcomm за да го реализира овој огромен скок за мобилната индустрија, со користење на предводникот Snapdragon X50 и компоненти кои работат со милиметарски бранови.

„Следејќи ја нашата долга историја на иновации, нашата цел беше да им ја дадеме на корисниците оваа значајна технологија во моментот кога е подготвена и да продолжиме да бараме нови начини да ги понудиме најдобрите мобилни уреди на планетата. Денес, ние ги подигаме мобилните технологии на повисоко ниво со тоа што не само што ги трансформираме уредите, туку и она што е во нив и ги движи.“ – велат од Motorola.

Преземање со 5G

Денес сè се случува во движење – од јадење до гледање филмови. Всушност, повеќе од 50% од младите луѓе сакаат да гледаат видео содржини на нивниот смартфон. Со новата 5G мрежа, кога минувате стотици километри на час и патувате повеќе од кога било, можете да ја преземете најновата сезона на вашето омилено шоу во HD формат за неколку минути, пред вашиот авион да полета.

За време на Светското првенство во фудбал регистрирани се 486 милиони барања за пренос на натпреварите, но 93 милиони од нив биле неуспешни заради грешка во преносот или бавен старт.

Гејминг со 5G: Играјте цела ноќ со сигурна врска

5G мрежата го намалува доцнењето и буферирањето на вашите AR и VR игри и обезбедува глатки перформанси, што значи дека можностите се бесконечни. Според проценките, во 2019 година 40% од корисниците во САД ќе користат AR апликации на своите мобилни уреди. 5G ќе создаде свет во кој вашите деца ќе комуницираат со реални херои во паркот користејќи VR очила.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии