Motorola доби дозвола да забрани продажба на xBox и Windows 7 во Германија

Motorola Mobility успеа да го убеди Mенхејмскиот суд во Германија дека Microsoft прекршил два патенти за H.264 видео кодирање. Резултатот на одлуката е забрана на продажба во земјата на xBox 360 и Windows 7 кој ги содржи Internet Explorer и Windows Media Player, пишува BBC. Но, забраната не може да се спроведе, бидејќи се чека суд во САД да го разгледа случајот наредната недела.

Motorola вели дека Microsoft прекршил уште 50 патенти за кои требал да плати лиценца. Microsoft на тоа одговори дека лиценците на Motorola би го чинеле 4 милијарди долари годишно. Motorola секако не се согласува со таа цифра, a Microsoft, пак, побара Motorola да ги има корисниците на ум.

„Ова е само еден чекор во долг процес, и ние сме убедени дека Motorola ќе си ги исполни ветувањата да ги стандардизира неопходните патенти според фер и разумни услови за бенефит на корисниците кои сакаат да гледаат видео на веб.“, вели Microsoft.

Забраната моментално е блокирана бидејќи Microsoft ja обвинува Motorola дека ја злоупотребува својата обврска спрема FRAND договорот кој ги обрзуваат компаниите да дозволат неопходните технологии и патенти да им бидат достапни на сите други под соодветни цени. Microsoft и Motorola ќе мора да чекаат до 7 мај кога суд во Сиетл ќе одреди дали треба да се воведе забраната во Германија, или Motorola го злоупотребува меѓународниот договор. Случајот ќе се најде и пред Eвропската комисија.

Тоа што е интересно е што Microsoft минатиот месец, во исчекување на одлуката, го премести својот дистрибутивен центар од Германија во Холандија за да ги избегне проблемите со продажбата во други земји.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии