Moto 360 ги засени сите други паметни часовници; ти си на ред Apple!

Motorola без сомневање е производител кој досега го презентираше единствениот паметен часовник кој би сакал да го поседувам. Мото 360 ги имаше своето прво официјално деби пред новинарите присутни на Google I/O, кое се чини дека помина успешно. Една од работите кои засега остануваат непознати за часовникот се периодот на излегување и цената за која ќе доаѓа Moto 360. За разлика од конкуренцијата како LG G Watch и Samsung Gear Live, Motorola си дозволи подолг период за тестирање на својот производ.

Тоа што го издвојува Moto 360 од конкуренцијата пред се е изгледот. Часовникот ќе ја користи можноста на Android Wear за презентација на податоците на кружен екран, и иако нема да биде единствен кружен Android часовник, секако е првиот. Motorola го објави и предложените дизајни за изгледот на лицето на часовникот, кои изгледаат одлично. Часовникот во живо е поголем отколку што изгледа на фотографиите, но ова не го прави часовникот непривлечен, иако може да направи на дел од корисниците да не им се допадне изгледот, вели PC Magazine. Благодарение на тоа што презентацијата на екранот се врти Moto 360 е погоден за нoсeње на било која рака.

Дисплејот на Moto 360 е специјално изработен OLED екран, кој според пресметките е дури 40 отсто поштедлив во однос на енергијата од останатите дисплеи. Ова е овозможено поради исклучување на црните пиксели при нивниото презентирање, а за овие уреди трањето на батеријата не е пресудно, но сепак е важно. За разлика од G Watch и Gear Live екранот на Moto 360 e заштитен со Sapphire Glass, кое е поиздржливо од Gorilla Glass, јавува TechRadar. Тоа што се забележува по подетално разгледување е дека часовникот нема приклучок за полнење, што значи дека Motorola има имлементирано бежично полнење за својот часовнник.

[youtube]vFi-QpuZfXs[/youtube]

Со оглед на тоа дека командите на часовникот доаѓаат преку Google Now, недостигот од копчиња е потполно логичен. Една од функционалностите кои нема да доаѓаат со Moto 360 е фотографирањето. Motorola смета дека поставување на камера не одговара со контекстот на часовникот. Засега нема податоци за апликациите кои доаѓаат со часовникот, ниту информации за интеграција со Google Fit, но со оглед на тоа дека Android Wear поддржува следење на фитнес податоци, ќе биде прашање на подршка на часовникот, а не на оперативниот систем.

Една од работите што можеби е единствена за Moto 360 е тоа што постојано ќе можете да видите колку е часот. На голем дел од часовниците кои се достапни на пазарот ова не е секојпат можно, констатира CNET.

[youtube]t4pI08GAr2Q[/youtube]