Мoto 360 е прекрасен часовник, но подобро е да ги почекаме другите часовници

Eден од поубавите паметни часовници Moto 360 на Motorola конечно ја доживеа официјалната промоција. Токму изгледот на часовикот е причината поради која првата серија на Moto 360 е веќе распродадена за само неколку дена.

Сепак изгледот на часовникот и ентузијазмот на купувачите, не е доволен за најголем дел од медиумите да го препорачаат Moto 360, па покрај одличните прегледи сите се претпазливи кога е во прашање препорака за своите читатели. Причината за ова најверојатно е презентацијата на iWatch, која Apple ја најави за денес.

„Сè на Moto 360 изгледа едноставно и одлично направено: мазен челик, тенко ремче кое оди под часовникот и прекрасено специјално софтверски изработен изглед на екраните“, пишува CNET.

Moto 360 долго време беше единствениот најавен кружен паметен часовник, пред LG да го најави R-Watch. Резолуцијата на 40-милиметарскиот дисплеј на часовникот е 320х290 и 205ppi, причина за 30-те пиксели кои недостасуваат е темната лента на долната страна на Moto 360. Иако се наоѓа на делот на екранот кој не се употребува, изгледот на часовникот ќе беше поубав доколку беше целосен круг, а дел од медиумите го потенцираат токму ова како најголем недостаток на изгледот на часовникот.

„Поминете само неколку минути со Moto 360 и веднаш ќе ви биде јасно дека квадратестиот, пластичен дизајн кој се обидуваат да го наметнат останатите производители е мртов. Дизајнот на Moto 360 е огромен исчекор за паметните часовници. Кружен е и удобен за носење и изгледа како обичен часовник“, вели Ars Technica.

Иако никој нема замерка на изгледот на Moto 360 кога станува збор за инсталираниот хардвер, ретко кој е импресиониран. Процесорот доаѓа од Texas Instruments, стар е веќе четири години, а покрај ова OMAP 3 е со големи побарувања од батеријата која со капацитет од 320mAh може да издржи без полнење еден ден. Покрај ова Moto 360 доаѓа со 4GB слободен простор и 512GB RAM. Moto 360 ќе ги поддржува сите Android 4.3 телефони, но за жал нема поддршка за Windows Phone и iPhone.

„Го загубив мојот телефон ова утро. Вообичаено ова е невозможно. Телефонот постојано ми е во рацете или во џебот, бидејќи пропуштањето на текст порака, имејл или фотографија е недозволиво. Ова утро ги читав имејл пораките на мојот часовник и излегов низ вратата без да ги проверам џебовите. За ова е виновен Moto 360; веќе се чувствувам гол без него; веќе и не го забележувам часовникот толку многу. Moto 360 e часовникот кој го чекав…“, вели Verge.

Најголем дел од критиките доаѓаат поради недовршеноста на Android Wear, но оперативниот систем е креиран токму за кружните дисплеи, а тоа се познава на Moto 360 каде и Android Wear изгледа подобро. Moto 360 доаѓа со монитор за работата на срцето на задната страна што овозможува подобра работа на фитнес апликациите. Апликацијата за мониторирање на работата на срцето овозможува следење на интензитетот на вежбите во зависност од пулсот. Покрај ова апликацијата овозможува и следење на колку време во денот посветувате на вжби, од препорачаните 30 минути умерено напрегање.

Покрај дел од критиките кој велат дека нема многу работи кој можете да ги направите со Android Wear, Verge смета дека токму тоа и е идеjата на оперативниот систем и Moto 360. „Токму ова е идејата: Moto 360 не е направен за да го користите цело време. Треба да биде навремен извор на корисни информации, да ве потсети во вистинскиот момент кога нешто сте заборавиле. Не треба да го прашате Android Wear што е следно на вашиот календар, треба да му верувате дека ќе ви каже кога ќе треба да знаете. Дека ќе ве упати кога е време да одите, а тогаш се што треба да направите е да речете Okay Google, повикај возило“. Недостаток на Moto 360 е кусиот период помеѓу полнењата. Главната причина за ова е „гладниот“ OMAP 3 процесор, чии перформанси не соодветствуваат на потрошувачката. Токму поради ова часовникот добива најголем дел од негативните критики, бидејќи доколку многу се користи ќе треба да се полни 2-3 пати во денот.

Цената на Moto 360 е 250 долари, но за жал доколку немате пријател кој може да ви го донесе од Best Buy количините се распродадени.

[youtube]E34L1BWJP2s[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии