Мотивирани од Apple iBeacon, се повеќе компании работат на гео-локациски маркетинг

Со се побрзиот развој на Интернетот на нештата, одредувањето на точната локација на сите корисници кои се наоѓаат во објектот е од интерес на девелоперите, корисниците и бизнисите. Ваквите сензори можат да имаат најразлични примени, од лоцирање на корисниците за автоматско гасење на светилките или греењето во собите, до лоцирање на корисниците во продавници и користење на овие уреди за олеснување на плаќањето.

Одговорот на Apple за овие потреби е iBeacon систем презентиран на минатогодишниот WWDC кој може да се користи за одредување на близината или локацијата на iOS уредите. iBeacon може да се користи и со Android уреди, но сепак со намалена функционалност. Принципот на функционирање на iBeacon е Bluetooth Low Energy (BLE) преку кое се овозможува испраќање на нотификации на блиските уреди, кои ќе бидат поврзани со локацијата или контекстот во зависност од положбата на корисникот во продавницата. Дополнително, една од најавените примени е исклучување на потребата за вадење на новчаници или картички при плаќањето.

Со оглед на се поголемата популарност на овие услуги никој не очекуваше дека Apple долго време ќе има монопол на овие сервиси. Најголеми конкуренти на iBeacon се Gimbal на Qualcomm, Datzing, Philips lightning beacon, MPac на Motorola и Swarm Portal. Gimbal своите уреди ги креира по спецификациите на iBeacon, со тоа што технологијата овозможува намалена потрошувачка на енергија. Дополнително предност која е од исклучителна важност за продавниците е што Gimbal доаѓа со криптирање на сообраќајот. Една од основните намени на уредот е да ги идентификува корисниците преку нивното однесување на апликациите. Qualcomm најавува дека во иднина Gimbal би можел да биде посебен оддел или компанија.

[youtube]P3LX84jdfnE[/youtube]

Datzing е креиран од Френк Нуово од Nokia и е iBeacon за Android. Сепак технологијата се разликува од останатите по својата отвореност и можноста да се инсталира без инвестиција во инфраструктура. Така продавниците кои имаат Android телефон можат да го користат за да испраќаат нотификации до корисниците. „Datzing може да се интегрира во мрежа без никакви инвестиции за хардвер, ова подразбира дека веќе не поседувате Apple уред кој може да се користи како предавател.“ Мал недостаток е што за нотификациите да можат да стигнат до купувачите тие ќе мора да ја имаат апликацијата на својот телефон.

Холандскиот производител Philips има различна технологија, наместо користење на Bluetooth, Lightning system користи LED светилки кој трепкаат со голема фрекфенција преголема да биде забележана од купувачите. Предната камера на телефонот ги чита овие сигнали и по нивната обработка го известува корисникот во кој дел од продавницата се наоѓа. Предност на технологијата е што секоја продавница секако мора да има светилки и на овој начин е овозможена комуникација со неограничен број на телефони. Системот не е без недостатоци, така постојано е потребен чист поглед до светилките, а потребен е и уникатна шема на трепкање за секоја продавница.

Стартапот Swarm Portal пак ги брои сите потенцијални купувачи кои влегуваат во продавницата и ги помни купувачите и работите кои ги купиле. Ова ќе овозможи на сопстеникот да им испрати релевантни нотификации на овие муштерии кога повторно ќе влезат во продавницата. „iBeacon технологијата е насекаде. Има некои компании кои се обидуваат да креираат сопствена технологија без да ја користат технологијата на Apple. Засега е непознато колку успешни се овие компании и колку корисниците ќе можат да се навикнат на нивната технологија“, вели ZDNet.

2 коментари на “Мотивирани од Apple iBeacon, се повеќе компании работат на гео-локациски маркетинг

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии