Морнарицата на САД ќе користи хуманоидни роботи како пожарникари

Воената морнарица на САД тестира роботи во улога на пожарникари. Роботот треба да издржи високи температури, а првите тестови ќе започнат веќе налето, јавува BBC. Како сите пожарникари негови задолженија ќе бидат да затвора вентили, да прска со противпожарен препарат во оган, да го носи цревото и да може да балансира на брановите. Името на роботот е The Shipboard Autonomous Fire-fighting Robot или SAFFiR, а негови креатори се инженери од Вирџинија Тек Универзитетот, Универзитетот Калифорнија, UCLA и Универзитеот Пенсилванија.

Целата на проектот е да се креира автономен противпожарен систем кој покрај тоа што е под конторола на операторот ќе може самостојно да функционира. Со ова ќе се намали опасноста по животите на луѓето, но и штетата на бродовите. „Автономниот робот со големина на човек е способен да пронаоѓа и гаси пожар и непречено да соработува со луѓетож“, се вели на сајтот на US Navy. Покрај ова роботите можат да издржат повисока температура подолг период.

Изработени се две верзии на роботот една помала со висина од 1,5 метри, а втората е малку поголема и пософистицирана.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии