Мора да бидете добар гејмер за да ви дадеме стипендиja за студирање, вели TwitchTV

Американските студенти кои се одлични гејмери годинава ќе можат да аплицираат за стипендии кои бараат од нив да продолжат да играат видео игри, но и да имаат добри оценки. Иако ова не е првпат компанија врзана со индустријата да доделува стипендии, сепак ова е прв случај каде успехот во играњето е еден од условите за добивање на стипендијата.

Фондот за стипендии е 50.000 долари, а спонзори се најголемата онлајн гејминг видео мрежа Twitch.tv” target=”_blank”>TwitchTV, и добро познатите произведувачи на гејминг хардвер Alienware и Steelseries. Стипендиите од 10.000 долари ќе се доделат на пет студенти кои покрај академското знаење ќе требаат да бидат исклучителни гејмери и посветени на играњето на видео игри.

Стипендијата ќе ја додели комисија составена од експерти во гејминг индустријата врз основа на целокупниот успех, достигнувањата при играњето на видео игри и есеј кој апликантите ќе треба да го испратат на тема „Што претставува играњето на видео игри“. Барателите на стипендија ќе треба да приложат и видео во кое ќе ја претстават својата успешност во играње на било која игра. Американските гејмери кои сакаат да продолжат со образованието можат да почнат да се пријавуваат од 5 јуни до 15 јули, а резултатите ќе бидат објавени еден месец подоцна.

„Очекуваме многу, многу апликации за шутери во прво лице како Call of Duty и Halo, и за стратегиите како Stаrcraft и World of Warcraft.”, вели Матју Дипетро од TwitchTV за Мashable.

Покрај искучителните спортисти кои добиваат стипендии години наназад ова е уште една можност да се искористи хобито за добивање на подобро образование.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии