Moonlite е минимален проектор и еден од најдобрите детски подароци

Moonlite проекторот е еден од најдобрите и наједноставните уреди. Уредот кој Натали Рибут го користеше за да и раскаже приказни пред спење на својата ќерка сега е успешна Kickstarter приказна.

Image: Moonlite / Kickstarter

Станува збор за додаток за паметен телефон кој го користи блицот за да го претвори телефонот во проектор. Додатокот доаѓа со мини слајдови кои се дел од приказната и кои ги проектираат сликите на ѕид.  На екранот на телефонот има потсетник од приказните, а страниците автоматски се менуваат кога корисникот ќе го заврти слајдот. Дополнително апликацијата доаѓа со звучни ефекти кои сигурно ќе ја разубават приказната.

Лоша вест е дека Moonlite е креиран пред сѐ за iPhone, иако апликацијата е создадена и за iOS и Android. За жал креирањето на додатоци со куп телефони не е едноставно, па креирање на додаток кој ќе биде соодветен за сите уреди е невозможно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии