Министерството за образование и наука (МОН) го стартуваше nauka.mon.gov.mk, портал кој е јавен регистар на научниците во Македонија, и кој овозможува и следење на развојот на кариерата на секој научник во јавните научно-образовни институции, заедно со степен за образование и класификации на научни области.

Ваков регистар, кој содржи контакти и детални информации за полето на знаење, би требало да помогне на секој заинтересиран да стапи во контакт со реномиран научник за дополнителни информации и соработка.

Заштита на изуми

Министерството најави уште еден нов веб сајт – Патент.мк со кој сакаат да ги заштитат изумите и иновациите на македонските научници. Овој проект ќе биде во координација со Државниот завод за интелектуална сопственост.

„Целта е да ја зголемиме транспарентноста и да ја запознаеме македонската јавност со научната дејност во нашата земја.“, вели министерот Панче Кралев.

Од МОН велат дека го изработуваат порталот, иако не е лоша идеја првин да го регистрираат во-овој-момент-слободен домен. Потент.мк ќе биде претставен во јуни.

2 коментари на “МОН ги стартува Наука.мк и Патент.мк

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии