Momentum е екстензија за Google Chrome која ја заменува „таб“ страната на Chrome со страна која не само што подобро изгледа туку е и далеку покорисна. Првата промена која ќе ја забележите е огромната фотографија гоја го зафаќа целиот простор на прелистувачот, на средина на екранот можете да ја видите пораката за добредојде и часовник. Покрај ова Momentum ви ја презентира моменталната метеоролошка состојба во горниот десен агол, а тука е и можноста за креирање на план во долниот агол кој ќе ве потсетува дека имате работа секој пат кога ќе го вклучите прелистувачот.
Добивај известувања
Најава
1 Коментар
Најнови








