Molly е медицински aватар кој може да се грижи за вас

Запознајте ја Molly, медицинска сестра која ја знае целосната медицинската историја на пациентите, се грижи за секој свој пациент подеднакво и постојано го прави ова со насмевка. Molly e аватар на стартапот Sense.ly кој треба да даде човечко лице на телемедицината, извести Microsoft на својот блог.

Веста доаѓа од блогот на Microsoft бидејќи Molly го користи Kinect за да ги препознае и да одговори на визуелните и изговорените симптоми на пациентите. Токму благодарение на Kinect пациентите можат да покажат каде точно чувствуваат болка или доколку има проблеми при движење и оди на терапија да демонстрира како функционира терапијата.

Дел од болниците ја прифаќаат технологијата, а Медицинскиот центар Сан Матео ја користи Molly за мониторирање на пациентите кои имаат хронични проблеми, долго се лекуваат и имаат потреба од чести контроли.

Иако за сега нема имплементација на Molly и HoloLens може да замислиме како во иднина Molly би можела да биде креирана и да стане првиот холо-доктор, своевидна рана верзија на Докторот од Star Trek Voyager.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии