„Моќта на гемификацијата во маркетингот“ со Гејб Зичерман и Нина Ангеловска

Тимот на ИТ.мк имаше можност да присуствува на обуката за гејмификација: „Моќта на гемификацијата во маркетингот“ која се одржа овој петок во Скопје.

Преку презентациите на Гејб Зичерман и Нина Ангеловска посетителите имаа можност да се запознаат со концептот на гејмификација, но и преку практични примери да дознаат како истата денес се практикува во маркетингот и бизнисот. Да не должиме и да ви раскажуваме ние, погледнете го видеото и презентацијата од Гејб и слушнете што имаше да каже тој на темата.

Нина Ангеловска преку практични примери, на публиката и претстави како во Grouper низ годините се користела гејмификацијата за остварување на маркетинг целите на компанијата. Погледнете ја нејзината презентација подолу: