Моќен и скап Intel Core 9900K

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Новиот процесор на Intel i9 9900K е чудовиште кога перформансите се во прашање. Процесорот е од деветта генерација и ќе биде веројатно најмоќниот процесор од оваа серија.

Intel Core i9 9900K доаѓа со 8 физички / 16 логички јадра. По бројот на јадра се исти со претходникот во истата серија Intel it 9700K, иако овој процесор има 8 логички јадра. Работната фреквенција му е 3,6 GHz; со Turbo boost 2.0 достига до 4,3 GHZ; а со Turbo boost 3.0 до 5 GHz. Ова се фреквенциите на едно јадро, а со сите вклучени јадра, фреквенцијата е 4,6 GHz. Процесорот доаѓа со 16MB L3 Cache и поддршка за DDR4-2666. Како и претходните процесори од S-серијата, моќноста му е 95W.

Иако процесорот е моќен не може да скрие едно од поголемите разочарувањa. Intel подолго време ветува 10 nm, но последниве неколку генерации излегувањето на оваа архитектура само се поместува.

Intel i9 9900K е најбрзиот процесор кој може да го купите за десктоп и е далеку пред конкуренцијата, како од AMD, така и од Intel. За жал корисникот ова го плаќа, па цената на новиот процесор е 580 долари.

Најголем недостаток на процесорот му е загревањето. Како последица на ова нема преголем простор за оверклок, иако со овие перформанси најверојатно  нема ниту потреба за дополнително „цедење“.

Резултати од бенчмарк тестовите може да ги разгледате на Ars Technica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии