МојВоздух ја освојува Америка

Дејан Соколоски

во Вести

Веројатно најпопуларната македонска апликација МојВоздух, пристигна на пазарот во Америка. Апликацијата користи 12000 сензори и има 6000 локации во САД за кои се обезбедени податоци. Со ова треба да им овозможи на жителите на САД подобра илустрација за воздухот кој го дишат.

„Супер возбуден сум што се прошируваме во држава во која работев, држава во која имам роднини и пријатели и држава која порано можев да ја викам дома“, вели Горјан Јовановски, автор на AirCare, во Facebook најавата на оваа вест.

МојВоздух во САД како и во остатокот од светот, доаѓа под името AirCare. Апликацијата доаѓа во време кога во Калифорнија има огромни пожари кои значително го менуваат квалитетот на воздухот.

МојВоздух е достапна на Android, iOS и како веб-апликација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии