Мој Весник е апликација за персонализирани вести од .мк портали

Мој Весник е македонска апликација за вести изработена од Игор Петровски, која преку RSS на онлајн медиумите ги прикажува вестите во разни категории.

Иако изворите на вестите се локални, апликацијата функционира како и сличните RSS апликации кои сте ги виделе досега. Корисникот одбира теми кои го интересираат, медиуми и портали од кои сака да ги добива вестите….

Мој Весник е персонален агрегатор на вести што му овозможува на корисникот филтрирање на изворите и темите на кои сака да се информира. Платформата агрегира соржини од преку 60 македонски портали на секои 15 минути, потоа ги групира и ги испраќа вестите согласно преференците на корисниците. Главната цел е корисникот да ги добива информациите кои нему му се од интерес, без притоа да се пренатрупува со информации од извори или теми кои не го интересираат. – ни појаснува Игор.

При тестирањето на Мој Весник не наидовме на сериозни пропусти а бевме воглавно задоволни и од интерфесјот на истата. Апликацијата е едноставна за користење, секоја вест му е јасно презентирана на корисникот со слика, наслов и информација за изворот. Споделување на статиите на друштвените мрежи е едноставно и се прави со само 2 клика.

Мобилната апликација за сега е достапна само за Android мобилните уреди. Самата апликација е релативно едноставна и лесна за користење, додека пак поголемиот дел од работата се сведува на работата на back-end, каде што се случува агрегирањето, групирањето и класификацијата на текстовите. Најголемиот предизвик ми беше извлекувањето на релевантните информации од објавените вести, бидејќи постојат многу boiler-plate работи кои треба да се одбегнуваат, со цел да не се создаде „шум“ во извлечениот текст.

Единствена забелешка е начинот на менување на темите за кое можело да се пронајде друго, поелегантно решение наместо да мора да се враќаме назад од „Home“-копчето. Можеби секоја тема да биде на посебен екран на кој може да се премине со провлекување на прстот.

Вториот проблем, кој воопшто нема врска со апликацијата е што ќе ви помогне да забележите колку лошо се дизајнирани дел од мобилните страници на некои медиуми. Апликацијата има солиден дизајн за телефон, па кога ќе се префрлите на дел од страниците ќе сфатите колку лошо се дизајнирани дел од нив. Дури и на популарните медиуми.

moj-vesnik

Моментално апликацијата има преку 5.000 преземања и е достапна само за македонски вести. Целта е оваа апликација да се прошири и во другите држави, со тоа што изворите и темите ќе бидат подесени соодветно.

Како дел од понатамошна попредизвикувачка идна работа, би сакал да направам имплицитна персонализиција на вестите кои корисникот ги чита. На пример, да не го присилуваме корисникот да избира помеѓу строго дефинирани категории, туку платформата да следи со самото кликање на одредени вести кои се преференците на корисникот. – додава Игор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии