Мој пат“ е апликација која на корисниците им овозможува да пријават дупки и слични недостатоци на патиштата. Апликацијата е дело на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во соработка со: Министерството за транспорт и врски; Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта.

Иако има и десктоп верзија, користењето на мобилната апликација е далеку посоодветно. Апликацијата изгледа и повеќе од солидно, користи GPS локација за лоцирање на корисникот и овозможува фотографирање. Дополнително, има куп веќе внесени можни проблеми од дупка на патот, до недостаток на сообраќајни знаци или застој во сообраќај.

Она што е најголем проблем е што ова не е прва ваква апликација. Претходните апликации не успеаја поради две едноставни прични. Граѓаните не ги пријавуваа проблемите, а дури и кога ги пријавуваа проблемите најчесто не се отстрануваа. Токму ова ќе биде клучно за успехот на целата платформа. Ако проблемите редовно се сервисираат граѓаните ќе ги пријавуваат. Ако тоа не е случај, сервисот ќе биде заборавен како и останатите. Поправи.мкВиди, пријави, поправи; Пријави дупка се само дел од апликациите кои ја имаа истата функциналност, но никогаш не го достигнаа својот потенцијал.

Засега „Мој пат“ е достапна единствено преку Android верзија на апликацијата, а iOS е најавена за во блиска иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии