МОФ и Институтот за европска политика ве повикуваат на „Школа за претприемништво“

„Младински образовен форум“ (МОФ) и „Институт за европска политика“ (ЕПИ) организираат школа за претприемништво. Школата „Од идеја до стартап“, е во склоп на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“.

Школата е наменета за сите невработени кои се заинтересирани или за работа во приватен сектори или за основање на сопствен бизнис. Сепак ако имате некаква идеја која сакате да ја реализирате и имате тим, обуката е отворена и за вас. Организаторите ве покануваат да се пријавите ако се пронаоѓате во овие услови:

  • Сте невработени и сте во потрага по работа во приватниот сектор или сакате да започнете сопствен бизнис;
  • Сте дипломирани и сте на возраст од 21 до 26 години;
  • Имате интерес за создавање на стартап или започнување на бизнис
  • Ве мотивираат предизвици, имате желба да смислувате нови и иновативни пристапи за решавање на проблемите, сакате да експериментирате со бизнис идеи;
  • Во можност сте да учевствувате во сите обуки;
  • Покажувате високо ниво на решителност и посветеност;
  • Немате проблем да излезете од својата удобна зона;
  • Сакате да работите во тим.

Школата се организира два пати неделно, а дел од активностите се пренесување на искуства од успешни претприемачи, студии на случај, симулации, практична работа. За сите тимови ќе се обезбеди менторство од искусни професионалци во бизнис секторот. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, да учат од и да соработуваат со сопственици на успешни бизниси, одлични предавачи, ментори, советувачи, професори и професионалци. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат. Учесниците ќе се запознаат со:

  • Што е претприемништво?;
  • Мотивација, Лидерство и Тимска работа;
  • Приказна, Презентација и Прототип;
  • Традиционален и онлајн маркетинг;
  • Водење бизнис.

Бројот на учесници е ограничен. Изборот на учесници ќе го врши комисија составена од претставници на Младински образовен форум и Институт за европска политика. По потребна, ќе се спроведат и интервјуа (телефонски или во живо) со пријавените апликанти. Програмата е бесплатна и ќе биде спроведена на македонски јазик. На повикот може да аплицираат и тимови, наведувајќи во апликацијата дека аплицираат со однапред смислена бизнис идеја.

Пријавувањето трае најдоцна до 28 јануари. Заинтересираните може да се пријават со испраќање на пополнета апликација на obuki@mof.org.mk.

Повеќе податоци за настанот може да пронајдете на РадиоМОФ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии