Moето Uber искуство во Софија

(Овој текст е на Митко Цабевски, првично објавен на неговиот блог. Митко е основач на стартапите Ambio.me и u:Plug, и гостин на следниот Startap Grind Skopje)
_____________________________________________________________________________________________

Имав прилика да го пробам убер популарниот Uber во Софија. Да бидам искрен, бев прилично љубопитен како Uber ќе се снајде во една балканска земја каде што такси услугите се доста ефтини и на прилично ниско ниво. Сепак пред да го споделам моето искуство, морам да напоменам дека станува збор за UberX сервисот кој се разликува од популарниот Uber Black/SUV, по тоа што колите не се баш луксузни и практично секој со кола понова од 2005 година, која мора да е во одлична состојба, може да стане UberX шофер.

Првото искуство со Uber е преку мобилната апликација. Регистрацијата е едноставна, и само треба да се внесе кредитна картичка за потврда. Апликацијата е добро дизајнирана и многу едноставна за користење. Практично целиот процес на повикување кола се завршува во 2 клика.

[youtube]G8VjcZeuvmo[/youtube]

Првото мало „разочарување” беше колата бидејќи пристигна Opel Astra. Знам дека не треба да се очекува луксузен автомобил од UberX но сепак очекував нешто повеќе. Сепак колата беше навистина чиста и со пријатен мирис. Второто разочарување беше прашањето на возачот до каде ќе одиме. Целата поента на апликацијата е да се избегнат непотребни објаснувања (посебно во странство) бидејќи дестинацијата едноставно си ја бирате на мапа преку самата апликација.

Откако повторно како во обично такси се разбравме каде сакаме да одиме, следуваше можеби најразочарувачкиот момент. Уште на првиот семафор не издржа и почна да не распрашува од кај сме, што сме, како сме… типична такси-приказна. Откако му кажав дека сум од Македонија, почна да раскажува некоја приказна како работел во Македонија, дали го знам Трајко од Струмица и слични глупави прашања. На крајот од патувањето сепак не заборави да ме потсети да му дадам рејтинг. :)

Само што излеговме од колата, после неколку минути добив електронска сметка и нотификација да оставам рејтинг за возачот.

Можеби една од најдобрите работи во целото искуство е што нема физичко плаќање на возачот. Целата трансакција се прави преку апликацијата уште во самиот момент кога се нарачува и на крајот едноставно само излегувате од кола.

Искуството од техничка страна беше одлично, апликацијата функционира супер, и е навистина пријатна за користење. Но во моментот кога се вклучи човечкиот фактор целата технологија падна во вода. Веројатно ова е добра лекција за сите компании и стартапи што вклучуваат човечки фактор во својот бизнис дека мора да посветат огромно внимание на правилна селекција и обука.

Заклучокот ќе биде дека доколку имате или планирате бизнис во сервис индустријата, луѓето кои директно комуницираат со корисниците се лицето на вашата компанија. Технологијата може само да го олесни и подобри целото искуство, но не и да го замени.

1 коментар на “Moето Uber искуство во Софија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии