Моето coliving искуство. Сакам пак!

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Мојот интерес за coworking и градење на заедница на професионалци ме натера да бидам дел од rebuilding camp во Сенде. Сенде е рурален coworking и coliving простор во Северна Шпанија кој има претворено стари куќи во Галиција во креативни простори, оптимизирани за соработка и работење. Како дел од нивната програма на активности, тие вклучуваат фестивали за цртање, дружења, разни хакатони, меѓународни младински размени и тренинг обуки.

Искуството од Sende Rebuilding Camp ми покажа што вистински значи coliving, како изгледа во реалност и какви кул работи може да се случат кога 7 креативци живеат заедно.

13242130_10153409024000044_1943083431_o

Coliving е форма на споделување на простор за живеење во заедница со други луѓе кои ги делат твоите интереси. Во таков простор бевме Фреска од Калифорнија, Сандро од Португалија, Харис и Јанис од Грција, и јас од Македонија на гости кај Едо и Марија од Сенде. Нашата цел беше да реновираме дел од просторите на Сенде. Тука ќе споделам што научив од моето coliving искуство:

  • Coliving, идеално место за нови идеи и изработка на минимум производ (Minimum Viable Product)

Coliving искуството ја носи можноста да се живее во нова средина со нови луѓе. Во Сенде јас бев опкружен со сериски претприемач, софтверски инжинер за стартап од Сан Франциско, фриленс графички дизајнер и луѓе што патуваат. Времето поминато со овие луѓе го предизвика моето размислување. Тука искусив не само идеален амбиент за нови идеи, туку и работење на нив.

Во седумте дена два минимум производи беа креирани. Едниот од нив беше иницијатива за coliving простор во Португалија за што веќе беше изградена вебсајтот, а вториот е онлајн курс за програмирање кој скоро целосно се дизајнираше во 7-те дена поминати на coliving.

13225143_10153409024205044_2021827577_o

Живеејќи во село со нови луѓе ме изолираше од секојдневните вести и работи кои влијаат на мене додека сум дома. Тоа ми помогна да бидам помалку декоцентриран од секојдневните грижи. Перфектна атмосфера за фокусирање и завршување на работа.

  • Co-creating vs solo-creating

Заедничко креирање не само што ги намалува трошоците, туку и ги претвара твоите клиенти во партнери. Овој пристап покажува многу работи можат да се креираат заеднички отколку насамо. Coliving е само еден пример и верувам дека многу други проекти може да се крираат во соработка.

Reb-Camp1

  • Заедница за лично исполнување

Ние бевме 7 странци кои поминаа 7 дена заедно во мал круг. Се запознавме подобро бидејќи заедно работевме и поминавме долго време споделувајќи лични приказни и идеи. За мене еден од најдобрите моменти беше заедничката вечера. На крајот се чувствувавме како мала фамилија. И тоа е вистинско значење и чувство на заедница.

IMG_1079

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии