Модуларниот телефон Project Ara ќе биде достапен за развивачите од есен

Модуларниот телефон Project Ara од Google, секако не е првиот ваков телефон, но е телефoнот кој најмногу не воодушевува. Најверојатна главната причина за ова е поголемата доверба која ја имаме во Googlе, отколку во модуларните телефони на Puzzlephone, Fairphone, ZTE, па дури и LG.

Project Ara е првиот телефон кој ќе го произведува Google, и ова иако е мало изненадување, објаснува зошто Googlе ја продаде Motorola, но го задржа одделот за модуларниот телефон и сопственост над дел од патентите. Компонентите со кои доаѓа првиот Project Ara се e-ink дисплеј, статив, читач на отпечатоци, камера и звучник и микрофон. На главниот модул засега фиксни се RAM меморијата, процесорот, флеш-дискот, батеријата и дисплејот. Дел од модулите кои сега се достапни не се премногу импресивни, но Google наскоро ветува нови.

hero

Иако Project Ara помалку наликува на LG G5 кога е во прашање можноста за промени на модулите, сепак овој телефон доаѓа со многу повеќе простор за персонализација, иако сè уште без можност за надградба која би овозможила промени доколку корисникот сака да промени процесор или RAM. Една од можностите за промена на модулите, е промена со издавање на гласовни команди. Така „OK Google, eject the camera module.“, го прави токму тоа, вели Verge.

Првите Ara модуларни телефони ќе започнат со испорака до девелоперите наесен, продажбата би можела да започне следната година, иако ова се само претпоставки, па Google можеби ќе го одложи продавањето на телефон.

2 коментари на “Модуларниот телефон Project Ara ќе биде достапен за развивачите од есен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии