Модот за Skyrim, Enderal ќе се појави на Steam

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

За Enderal пишувавме пред нешто повеќе од две години. Се работи за исклучително комплексен мод кој значително го продолжува вашиот престој во уникатната игра на Bethesda – Skyrim.

Тимот кој стои зад модот, SureAi, ја доби наградата за најдобра креација од фанови за време на настанот Game Awards, од 2016 година. Таквото нешто, заедно со скоро 200 000 преземања од NexusMods, дополнително го охрабри тимот да проба да го направи следниот еволутивен чекор и да го издаде модот и на Steam. Се уште не се знае кога ќе излезе Enderal, но ќе биде бесплатен за сите оние кои ја имаат купено Skyrim.

Во Enderal имате нови територии кои се простираат во форма на пустини, џунгли и градови, заедно со бројни главни и споредни квестови кои низ 50+ часовна кампања ќе ви покажат надградени системи за вештини, како и нови непријатели, оружја, и оклопи. На Steam, Enderal ќе се испорачува со додатокот Forgotten Stories. Оваа проширување содржи 20+ часа од дополнителна приказна и истражување. Чисто за споредба, за потребите на модот, се снимани над 30 часа дијалози од професионални актери.

Enderal ќе се покренува независно од Skyrim и во кој било момент можете да скокате од една на друга игра. За идни вести и точното излегување на играта, погрижете се да ја вметнете Enderal на вашата wishlist-а. Во меѓувреме, модот и понатаму може да се преземе од NexusMods. Во случај да барате нешто поразлично, како второ навраќање во Брума, не заборавајте на колосалниот мод кој ќе го направи токму тоа.

1 коментар на “Модот за Skyrim, Enderal ќе се појави на Steam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии