Модот Skyblivion ќе ги содржи сите DLC-а и ќе излезе за Skyrim: Special Edition

Шансите дека порано или подоцна сте слушнале за Skyblivion се исклучително високи, со оглед на тоа дека модот е пет години во развој и, по сѐ изгледа и понатаму продолжува со истото споро темпо. Имено, тимот, кој е целосно составен од доброволци, реши да влезе во 2017-та со уште еден трејлер и ветување дека Skyblivion ќе ги содржи сите DLC-а и ќе излезе за Skyrim: Special Edition.

Тимот објаснува дека имаат направено поголем напредок со модот во последните два месеци отколку за цела година, бидејќи многу нови доброволци се приклучиле на проектот и успеале значително да допринесат со повеќе сетови од оружја, нови средства за 3D околината и обликувањето на огромниот свет, подетална посвета на пејзажите низ Сиродил, како и изработка на кориснички интерфејс кој ќе биде автентичен за играта.
Последен пат кога слушнавме од авторите, во ноември 2016, работата на основната игра беше комплетирана и доброволците се посветуваа на дополнителна имплементација на потраги, глумењето, нови графички средства (асети), корисничкиот интерфејс, комплетирањето на сетовите од оружја, како и исправање багови. Таквото патешествие беше одбележано со следниов трејлер:

Во случај да сте вешти во создавање 3D асети и осветлување и сакате да допринесете кон поквалитетно и побрзо исфрлување на модот, кликнете тука!

Во меѓувреме, би можеле да навлезете во Enderal, целосна конверзија на Skyrim, со нова приказна, огромен свет и бројни потраги.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии