Modern Warfare 3 руши рекорди во продажбата

Одличната претпродажба како да најави дека Call of Duty: Modern Warfare 3 може да го урне рекордот на својот претходник Black Ops. Одличниот прием кај публиката и добрите оценки кој играта ги доби од критиката допринесоа Call of Duty да има најдобар старт во продажбата досега.

Activision ја потврди веста и дополнително се пофали дека играта има најдобри бројко во поглед на продажба за сите видови забава. Во првите пет дена Call of Duty: Modern Warfare 3 заработи неверојатни 775 милиони долари. Со ова го замени рекордот на Black Ops со нов повисок за 125 милиони долари.

Activision сигурно се радува и на традицијата секое ново продолжение да ги зголеми парите кои го заработуваат. Истовремено новата игра е најпродавана во Америка на петте продажни партнери на Activision: Amazon, GameStop, Best Buy, Target и Wal-Mart истовремено ова е најуспешно продавана игра во првите пет дена во Северна Америка на сите времиња.

[youtube]coiTJbr9m04[/youtube]

Одлични резултати поставија и во мултиплеер играњето, па во првиот ден повеќе од 3,3 милиони корисници на Xbox 360 одиграле повеќе од седум милиони мултиплеер часови. Бројот од 3,3 милиони играчи кои играат во првиот ден од излегувањето на играта истотака претставува рекорд за Xbox. Од PSN сè уште не објави податоци, но и од таму се задоволни наречувајќи ја играта огромен успех и на Sony платформите.

Во останатите вести:

Bioware и EA Games го најавија бета тест викендот на Star Wars: The Old Republic за 25-28 ноември. Со оглед на тоа дека ова најверојатно ќе биде единствениот масивен тест пред официјалното пушање во продажба, ова најверојатно е последната можност да проверите дали ви се допаѓа играта доволно за да ја нарачате во претпродажба, иако за тоа треба да имате пријател во државите во кои играта е достапна во претпродажба или некој кој патува до таму. Бета поканите се достапни на повеќе гејминг сајтови меѓу кои gamespot и PCgamer.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии