Mобилното е важно! New York Times ја блокира декстоп верзијата за своите вработени

Со цел да ја подобрат својата услуга на мобилните уреди, New York Times се реши да ја блокира десктоп страната за вработените во весникот. Секој пристап до страната вработените ќе можат да го направат преку паметен телефон или таблет компјутер.

„Повеќе од половината од нашите читатели пристапуваат до сервисот преку мобилна платформа. Ова треба да го правите и вие“, вели Клифорд Леви во пораката испратена до вработените до New York Times. Тестот ќе трае една недела и во овој период вработените ќе мораат да се запознаат со мобилната верзија на страната. New York Times се надева и дека поширокото користење на мобилните платформи ќе овозможи и подобар квалитет на услугата, но и дека некои од вработените ќе добијат нови идеи за подобрување на услугата. Блокирањето важи за сите вработени во медиумот од новинарите до вработените во сметковотсво и човечки ресурси, па доколку некој од нив добије нова идеја ќе може да ја сподели, се со цел подобрување на услугата за крајните корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии