Мобилните телефони предизвикуваат тумор?

Иако ова е котнраверзно прашање, италијанскиот суд од Ивреа, смета дека Роберт Ромеро добил тумор на мозокот од користење на телефон. Заедно со оваа одлука судот му додели и компензација од 500 евра месечно.

Добротворната организација Brain Tumour Charity смета дека нема доволно научни докази кои би го поткрепиле овој наод на судот, пренесува BBC.

„Свесни сме дека многу луѓе се загрижени од можната врска помеѓу користењето на телефон и развојот на мозочен тумор. Сепак, меѓународни истражувачки проекти не успеаја да пронајдат доволен доказ да го потврдат тврдењето дека мобилните телефони го зголемуваат ризикот од мозочен тумор“, вели доктор Дејвид Џенкинсон од Brain Tumor Charity.

Зачестеноста на користење на телефонот на г. Ромеро е импресивна. Во последните 15 години тој секој ден водел разговор помеѓу 3 и 4 часа. Компензацијата ќе му ја исплаќа независно тело. Г. Ромеро не го откри производителот на телефонот, ниту има намера да ја тужи компанијата.

Досега нема ниту еден научен доказ кој без сомнеж ги поврзува, ризикот од мозочен тумор и користењето на паметни телефони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии