Мобилните се новата привлечна мета на малициозните закани

Најпрвин малку бројки…

Бројот на малициозните програми за мобилните апарати пораснал за 46% во 2010 споредено со 2009 година. Се откриле 20 милиони нови малициозни програми, што е еднакво на 55.000 нови секој ден. Од сите 55 милиони малициозни програми кои McAfee ги откри, 36% се создадени во 2010-та. И на крај, 80% од сите пораки од електронска пошта му се припишуваат на спамот, што е позитивно бидејќи е најниската точка уште од почетокот на 2007.

Мобилни закани; растат ботнет инфекциите

Иако нападите на мобилните уреди не се ништо ново, разликата е што сега многу повеќе корисници користат паметни телефони или таблети, што им паднало во очи и на сајберкриминалците. McAfee во текот на годините, забележуваат стабилен постојан раст на заканите за мобилните уреди. Ланската година најинтересни биле SymbOS/Zitmo која била закана од висок калибар и Android/Geinimi, тројанец кој бил вметнуван во легитимни Android апликации.

Со толку многу нови платформи и толку се уште дупка во сигурноста, McAfee очекуваат сајберкриминалците да ги користат ботнет инфекциите за да ги напаѓаат мобилните уреди.

Малициозните закани во пораст; спамот во некој „транзициски период”

Растот на малициозните закани изгледа како да нема крај. Малициозните закани се различни во одделни географски средини, во сооднос со трендот кој е во пораст, а тоа е заканите да одговараат на типот на корисници, навики и настани специфични за одреден регион. Сепак, најомилени помеѓу сајберкриминалците биле: AutoRun малициозните програми (Generic!atr), банкарските тројанци или симнувачи (PWS or Generic.dx) и веб базирани искористувачи (StartPage and Exploit-MS04-028).

Спамот како што веќе споменавме, е на најниската точка оваа година уште од 2007-ма кој се нарекува транзициски период затоа што некои од ботовите кои генерираат спам биле неактивни во моментот кога е правено истражувањето.

Повеќе уреди значат повеќе веб закани

Се повеќе корисници кои се приклучуваат на интернетот од секакви уреди: компјутери, таблети, паметни телефони, што придонесува за растот на малициозните закани. Едни од најактивните закани во 2010 беа Zeus-Murofet, Conficker и Koobface, но и бројот на малициозни домени исто така е во пораст. Крадењето URL од IRS, картички за подароци, сметки за награди и социјални мрежи биле исто така меѓу најпопуларните. МcAfee вели дека помеѓу 100 резултати од најчестите дневни пребарувања, 51% водат до малициозни страници, на кои има просечно по 5 малициозни линкови.

Adobe продуктите се најчест избор малициозните закани

McAfee предвидеа дека ова ќе се случи во 2009-тата, и нивното предвидување се оствари. Развивачите на малициозни закани ги злоупотребувале активно во текот на 2010 недостатоците на Flash, а особено на .pdf технологиите. МcAfee велат дека овој тренд ќе продолжи и во текот на оваа година.

Хакерски групи

Најактивни во 2010 година биле Anonymous кои се вклучиле во неколку сајбердемонстрации против неколку групи за заштита на авторски права во првата половина на 2010 и подоцна против цензурирањето на http://www.wikileaks.ch/.

Да сумираме…

Бројот на малициозни закани е во пораст откако постои интернетот и тоа не е ништо ново. Интересно е тука што сега, сајберкриминалците имаат многу поширок спектар и можности со зголеменото користење на паметните телефони и таблетите, и многу нови платформи за злоупотребување каде можат да ги користат старите трикови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии