Мобилниот сега е првиот екран што го гледате

Мобилните уреди се изборот на најголемиот број на корисниците, и сега станаа првите екрани на кои погледнуваме, вели анализата на Appannie. Корисниците сега користат повеќе време во апликациите, а користењето на апликации е во постојан пораст.

За само две години времето кое луѓето го поминуваат користејќи апликации е двојно зголемено, тренд кој продолжува благодарение на новите пазари. Зголемувањето на интеракции со апликациите е зголемено 35 отсто, а корисниците веќе почнаа да ги користат телефоните и за шопинг, слушање музика, гледање видео, па дури и за гејминг.

time-spent-in-apps-worldwide-android-phone

Промените на навиките на корисниците значат дека и брендовите ќе мора да се прилагодат. Рекламирањето на телефони сега е поважно од сите останати уреди на интернет, а предвидувањата се дека мобилниот маркетинг во 2020 година ќе ги надмине и телевизиите.

Можеби најинтересен податок е дека во првото тромесечие во 2016 година, 90 отсто од времето кои корисниците го поминуваат е во апликациите, а само 10 отсто од времето корисниците го користат прелистувачот.

app-annie-time-spent-2016

average-app-session-length-worldwide

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии