Мобилните игри прават пари од само 0,15 отсто од играчите

Новото истражувањето на Swrve кое се однесува на монетизацијата на бесплатните мобилни игри покажува дека само 1,5 отсто од играчите се одлучуваат да купат „виртуелни предмети“ во игрите. Уште поинтересно 50 отсто од ваквите приходи доаѓаат од 0,15 отсто од играчите.

Ова значи дека дел од игрите имаат играчи кои плаќаат за сите, но зато имаат повластен статус и во добар дел од бесплатните игри подобра опрема, што го унишува балансот и најчесто игрите ги претвора во „плати за да победиш“. Најчесто овие играчи имаат пристап до далеку подобра грижа за корисници, а Recode пишува за играч кој трошел по 10.000 долари месечно на игра, па компанијата му доделила лична корисничка поддршка.

Оваа констатација повторно го поставува клучното прашање – кој е вистинскиот начин за монетаризација во бесплатните игри? Микротрансакциите добиваат на популарност, а се имплементираат и во дел од игрите кои имаат претплата или барем не се бесплатни. Друга можност за која почесто се зборува и размислува, но засега не е имплементирана надовор од игрите за паметни телефони е вметнување на реклами во апликациите.
.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии