Мобилните апликации на Twitter сега цензурираат „сензитивна содржина“

Новите верзии на мобилните апликации на Twitter за Android и iOS сега цензурираат „сензитивна содржина“ во која припаѓа насилството, голотијата и медицинските процедури, пренесува AllThingsD. Кога ќе има одреден твит со линк или слика за кој друштвената мрежа мисли дека треба да се цензурира, корисникот наместо твит ќе види порака дека твитот содржи сензитивна содржина. Но, тука не се работи за комплетна цензура бидејќи Twitter ќе понуди и опција да изберете „секогаш да се прикажува сензитивната содржина“. Доколку сакате ќе може да го видите тој твит во целост.

Иако филтрирањето на содржината на Twitter го прават корисниците – вие избирате кого ќе следите – сепак ваквата заштита е корисна кога некој ќе ретвита порно од некој што не го следите. Исто, може да помогне и при филтрирање на спамот. Но, најголемата предност на ваквата цензура е што е наменета за паметните телефони кои ги користиме на различни места, во канцеларија, во автобус, во парк и на други јавни места каде што не би сакале да испаднеме како манијаци со тоа што ќе ни се појави некој порно ретвит на екранот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии