Mобилниот оперативен систем Bada на Samsung ќе биде со отворен код

Според Wall Street Journal, Samsung наредната година својот мобилен оперативен систем Bada ќе го направи open source. Samsung веќе имаат изјавено дека не планираат да купуваат мобилен оперативен откако излегоа шпекулациите дека постои можност да го откупат оперативниот систем на HP, WebOS.

Причина за потегот на Samsung да го oслободи кодот на Badа e потегот на Google да ја купи Motorola Mobile, и со тоа давајќи и предност на Motorola при употребата на Android. Овој чекор на Samsung ќе допринесе да се намали бројот на сопствени уреди кои користат Android, и со тоа оваа компанија да не биде толку зависна од овој оперативен систем. Се разбира правејќи го Bada слободен за користење ќе придонесе други производители да го инкорпорираат во своите уреди.

Успехот на Android се должи на тоа што е слободен за користење, адаптирајќи се на потребите на различни производители, и девелоперите имаат слободни раце да креираат голем број на корисни апликации. Samsung се надева дека доколку ги следи чекорите на Google ќе успее да привлече девелопери кои би развивале апликации за овој мобилен оперативен систем, и со тоа да се привлечат поголем број на корисници. Моментално постојат само 3.000 апликации за Bada, додека за Android и iOS постојат повеќе од 1.000.000 апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии