Мобилни како компјутери или компјутери како мобилни?

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Новата стратегија на Sony Ericsson, која треба да помогне на произведувачот на мобилни телефони да се извлече од економската криза, се фокусира на „комуникација и забава“, мобилни апарати кои ќе имаат функции на компјутер и телевизор. Новиот план познат како „Entertainment Unlimited“ на Sony Ericsson, компанија која е соработка меѓу производителот на електроника Sony и производителот на опрема за мобилни Ericsson, беше претставен на GSMA Светски конгрес за мобилна технологија во Барселона, кој започнува денес а ќе трае до 19 Февруари.

Директорите од компанијата го претставија и W995 Walkman телефонот со кој може да се гледаат цели филмови, покрај слушањето музика што сега е нешто вообичаено за Walkmen серијата на мобилни на Sony Ericsson, но поразлично што ќе може да се синхронизира со онлајн музички библиотеки, подкасти…

{mosimage}

Тие истотака го преставија и најновиот Idou, телефон на допир со камера од 12.1 мегапиксели, кој е дизајниран со функционалност за повеќе медиуми. Но тој телефон се планира да се појави на пазарот дури за една година.

„Создадовме категорија на музички мобилни во 2005 продавајќи околу 100 милиони Walkman телефони, и сега сме спремни да го откриеме следното поглавје во еволуцијата на компанијата“ рече Леонард Хорник, подпретседател на Sony Ericsson.

Новото поглавје е всушност MediaGo сервисот преку кој ќе може да се префрла и споделуват медиа фајлови, како песни, филмови, слики на компјутер и мобилните.

Ваквата стратегија не е идеја само на Sony Ericsson. И Nokia скоро една година го дизајнира Ovi сервисот за споделување на медиа фајлови, а добро е познато дека истата идеја го направи iPhone гигант меѓу телефоните на допир така што беше споен со iTunes.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии