Мобилни апликации за чет станаа попопуларни од SMS пораките

Операторите треба да се плашат од мобилните апликации за четување, предупредува шефот на европската Дигитална агенда, Нели Крус. Таа денес објави податок дека овие апликации станаа популарни од SMS пораките кои им носат огроман профит на операторите. Меѓу мобилните апликации кои се предводници на ова нова промена во пазарот се WhatsApp, Viber, Apple iMessage, Blackberry Messenger и секако мобилните апликации на Facebook.

Податоците се објавени од аналитичарите Informa кои велат дека во 2012-та година секој ден ширум светот се споделуваат околу 19 милијарди пораки преку овие апликации, наспротив 17,6 милијарди SMS пораки. Само лани, операторите изгубиле околу 23 милијарди долари поради мобилните чет апликации. Разликата во следните години ќе биде уште поголема. Проекциите се дека во 2014-та година ќе има околу 50 милијарди пораки преку апликации наспротив 21 милијарди текстуални пораки.

Но, ова не значи смрт на SMS пораките, велат аналитичарите бидејќи се уште огромен број на корисници, посебно во земјите во развој, кои сè уште користат не-паметни телефони. Informa проектира дека приходот од SMS пораките ќе порасне на 127 милијарди долари, што е повеќе од 115-те милијарди долари од минатата година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии