Мобилната аналитика на App Annie се интегрира во Google Analytics

Платформата за мобилна аналитика, App Annie, наскоро ќе им помогне на развивачите да добијат повеќе податоци за како, кој и колку често се користат нивните апликации. Сервисот најави дека ќе се интегрира со Google Analytics за да им понуди на девелоперите едно место од каде можат да добијат значајни податоци за своите апликации. Податоците ќе им овозможат на девелоперите да ја подобрат не само апликацијата, туку и комуникацијата која ја имаат со корисниците, бидејќи благодарение на податоците од App Annie ќе знаат дали нивната комуникација стига до корисниците.

Алатките на App Annie се користат од над 800.000 апликации кои се симнати над 83 милијарди пати, што ја праив Annie eден од најдобрите сервиси за мобилна аналитика. Сервисот ги анализира скоро сите продавници за апликации, меѓу кои App Store, Google Play, Windows Store; што ќе биде од користи за девелоперите да ги следат сите активности поврзани со нивните апликации. Тука се вклучени и резултати од посетите во финансиска смисла, односно колку пари заработуваат од рекламите, но и подетално во смисла колку пари заработуваат од секоја „минута“ која корисникот ја поминува во апликацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии