MOBA-hero шутерот Gigantic згаснува во јули

Неколку дена по известувањето дека функционирањето на играта Paragon ќе прекине, гејмерите добиваат уште еден бран од непријатни вести. Gigantic е револуционерен hero шутер кој за малку немаше ни да излезе, а и бележи болна историја на развој и бројни жртвувања од девелоперите. И покрај ова, развојното студио Motiga беше сурово згаснато во ноември 2017 година, а играта продолжи да функционира на стаклени нозе и да ужива во релативно позитивни рецензии од гејмерите. Но, бројката на таквите гејмери беше далеку од доволна и моментно е сведена на само 167 играчи во кое било време.

„Згаснувањето на Gigantic не беше лесна одлука“, објаснува издавачот Perfect World и додава: „Играта се одликува со уникатно и возбудливо искуство кое освои многу срца и умови. За жал, не успеја да освои онолку играчи колку што ние се надевавме.“

Издавачот продолжува да објаснува како последните неколку месеци разгледувале најразлични опции за продолжување на животот на Gigantic, но моментната состојба на играта малку пружала за понатамошно напредување и корисни надградби и дека на крајот имало се повеќе и повеќе компликации и дека „и покрај нашите најдобри намери, ние не бевме во можност да најдеме најсоодветно решение кое би ѝ помогнало на Gigantic да се пробие низ презаситениот пазар“

Rubies и Hero пакетите повеќе не можат да се купуваат, а сите херои се бесплатни за играње сè до јули.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии