Младите Европејци сакаат слободна комуникација со поевтини роаминг цени

Европската Комиција објави резултати од анкета со кои ги оправда своите легислативи за намалување на роаминг трошоците. Анкетата е направено со илјада млади Европејци на возраст од 18 до 34 години, кои се земени како примерот на корисници кои најмногу ги користат своите мобилни телефони. Резултатите откриваат дека 93 отсто од младите Европејци се чувствуваат ограничени кога патуваат во странство бидејќи им е страв да не направат високи сметки. Само 37 отсто користат мобилен интернет кога се во странство, споредено со 86 отсто кои користат во својата домашна земја.

Сепак, тоа што е најважно во анкетата е заклучокот дека сите ќе зборуваат и ќе сурфаат повеќе ако цените се намалат. Европа има поставено план кој од 1-ви јули 2012-та година ги преполови роаминг цените, и според планот истите ќе продолжат да паѓаат се додека не се дојде до вредноста која нема да им претставува проблем на корисниците. Целта на овие мерки се да се поврзе европскиот пазар, и да се тргнат границите помеѓу евро-земјите. Земјите, пак, кои не се во Европа, како Македонија, побараа да бидат вклучени во планот и за нив да бидат намалени роаминг цените.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии