mkfail: Основниот суд Скопје преведува со Google Translate, надлежен е за Mineral Water

Канал5 забележа дека Основниот суд Скопје 1 користи Google Translate за да ја преведе својата веб страница на англиски јазик. Бидејќи Google Translate e роботски превод, дознаваме дека Основниот суд Скопје 1 e „Basic court“ со надлежност за населбата „Mineral Water”.

Проверивме на Google Translate и се уверивме дека администраторите само ја ископирале македонската содржина и го закачиле преводот од роботот на Google на сајтот на судот без да го проверат. Но, тоа што е интересно е што може да видиме дека Translate се покажува како корисна алатка за македонската администрација.

Затоа, за да и помогнете на администрацијата полесно и поточно да преведува, отворете Google Translate, кликнете на зборовите и едитирајте го секој неточен превод. Така ќе го научиме Google како правилно да преведува. #mkwin во #mkfail

1 коментар на “mkfail: Основниот суд Скопје преведува со Google Translate, надлежен е за Mineral Water

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии