Mkd-rss – сите вести на едно место

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Mkd-rss.com претставува нов сервис – агрегатор на вести и огласи од разни извори, поточно RSS канали, и сервис каде што тие вести можат да се коментираат. Mkd-rss изгледа како директен конкурент на Time.mk, но секој е со своја уникатност. Time.mk е брз, едноставен и лесен за снаоѓање, нешто што недостасува на Mkd-rss, кој пак од друга страна функционира како место за дружење.

Друштвениот аспект на Mkd-rss, пред сé, се забележува од категориите кои ги нуди покрај вестите: Автомото, Блог, Lifestyle, Блогови… Додека Time.mk е сконцентриран исклучиво на весниците и сајтовите за вести, Mkd-rss претставува друштвено место за сите сајтови кои имаат RSS feed.

„Mkd-rss стартуваше пред 2 недели и забележува раст од 200 уникатни посети дневно, а очекуваме раст до 3-4.000 дневно за неколку месеци“ вели Антонио Магдиќ од eBurza.hr, компанија која ја поседува мрежата на -rss.com сервисите на Балканот и надвор од него.

{mosimage}

Интересно е што корисниците можат да си објавуваат блогови, има чет и опција за коментари или пак да објавуваат свои вести. Моментално на тој дел од сервисот претежно има огласи, што е корисно, но се надевам дека ќе наидеме на интересни вести.

Што се можете да направите на Mкd-rss (како регистриран корисник):

  • да ја коментирате содржината на порталот
  • да ги оценувате каналите на одредени интернет страници
  • да подготвувате интересни статии до кои секогаш можете да пристапите во своето сандаче
  • да подготвувате интересни канали кои сакате да ги следите
  • да се вклучите во разговорот со останатите корисници на порталот во четот
  • да објавувате сопствени статии, вести, огласи
  • да креирате сопствени белешки



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии