Македонски-кириличен-домен.мкд

Доменот .мкд е изгласан како кириличната ознака кој најдобро ја претставува Македонија. Регистарот на домени МАРНет ги објави резултатите од двомесечната процедура на прибирање и гласање на предлозите, а .мкд доменот е убедливо прв со 73 отсто, односно со 1.670 гласови од вкупно 2.288. Втор на листата со само 14 отсто беше наставката .мак.

Oвој кириличен домен ќе биде ставен во официјалното барање на МАРНет до Интернет корпорацијата за одредување на имиња и бројки (ICAAN). Штом бидат поднесени и прифатени сите документи, ќе следи проверка и секако одобрување. Нема причина зошто ICAAN да го одбие кириличниот предлог, бидејќи не се користи од ниту една друга земја.

Кириличните домени сигурно ќе им олеснат на граѓаните полесно да наоѓаат веб страни, и ќе им овозможат на компаниите да бидат поиновативни со своите интернет адреси, но и со своите маркетинг кампањи каде сега мора да ги пишуваат домените на латиница.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии