.мк апликацијата WORLD освои награда на натпреварот на Светска Банка

WORLD или World Bank Random Linked Data сервисот генерира случајни (random) информации и статистики, користејќи податоци од отворениот DataSet-от на Светска Банка. Целта на апликацијата е со едукација и информирање да ја подигне свеста на луѓето што би резултирало во решавање на проблемот со сиромаштијата, рушење на стереотипите, поттикнување на образование за сите, да се намали детската смртност… Oвие проблеми се познати како Милениумски цели кои треба да бидат достигнати.

Другите победници на натпреварот се: прво место за StatPlane од Австрија, апликација која визуелизира споредби на земји, второ место Development Timelines од Франција за ставање на глобалните информации за развој во историски контекст, на трето место се YourTopia од Германија за апликација која прикажува човечки развој преку квиз. Наградата за признание на глобална организација е доделена на International Project Funding од САД што прикажува инвестирање во земјодели, риболов и други области. Сите награди како и почесните победници ќе ги најдете на сајтот на Аpps for development.

Честитки до Ѓорѓи, Даница, Дарко, Игор, Кристина, Марко и Тина!

2 коментари на “.мк апликацијата WORLD освои награда на натпреварот на Светска Банка

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии