MIT криераше дрон кој може да ги пронајде кутиите во магацините

Следењето на кутиите и производите во магацините не е едноставно. Ова важи како за магацините за складирање, така и во поштенските магацинии во кои се распределуваат пратките. Дел од кутиите се губат, но се чини дека во иднина на овие проблеми може да им дојде крајот.

Првенствено поради роботите кои ќе ги освојат магационареските работи, но доколку ова се одолжи, тим од MIT има решение. Тимор на Фадел Адиб од MIT разви решние кое овозможува скенирање на RFID етикетите со помош на дронови. Дроновите се помали од луѓето, а и летаат, па пребарувањето на магацините ќе биде значително поедноставно.

Тимот на г. Адиб успеа да прикачи RFID скенер на дронот кој потоа ќе може да се приближи доволно блиску до кутиите и да ги скенира етикетите. Прототипот работи со помош на RFID-предавател и тагови. Системот може да пронајде кутии на растојание од 50 метри и да ги лоцира со точност до 19 сантиметри, јави IEEE.

RFID-таговите се прикачени на секој од пакетите и секој од предавателите има уникатен сигнал. Дронот овозможува пренесување на сигналот на поголемо растојание до RFID-читачот.

Тоа што го прави ова решение практично е можноста за следење на патеката на летање како референтна точка за лоцирање на сигналот. RFID-тагот испраќа неколку сигнали до дронот, додека истиот е во движење. Софтверот потоа може да ги обработи овие сигнали и да ја одреди положбата.

Системот не е автономен. Дронот мора да има оператор кој ќе управува. Секако, во иднина дронот ќе може да биде автономен, па во големите магацини десетици дроонови ќе можат сами да летаат и да пронаоѓаат пакети.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии