Mist of Pandaria влегува во бета

Иако помина едвај половина година од Blizzcon и најавата за најновото продолжение на супер популарниот ММО World of Warcrat, во Blizzard се спремни во скоро време да започнат со тестирање на Mist of Pandaria. Во кусото сооштение е објаснето дека во бетата загарантирано место ќе добијат играчите кои се обврзани на годишна претплата што ги опфаќа и играчите кои ја искористија оваа поволност за да ја „добијат“ Diablo 3.

За да се пријавите за бета тестот потребно да имате еден активиран продукт на Battle.net и на вашиот профил да ги селектирате игрите кои сакате да ги тестирате. Ако ве изберат ова е еден од ретките случаи кога нема потреба да се обврзете на „договорот за молчење“ (NDA), но и содржините кои ќе бидат достапни во бетата сепак се подложни на промени и можат да бидат драстично различни во конечното издание.

Во ова соопштение Blizzard истакнуваат играчите да бидат спремни на phishing измами, па подобро проверката за тоа дали сте примени или не е да ја направите на вашиот Battle.net профил.

За бројноста на учесниците на бетата одговорните објаснуваат дека првична цел ќе биде да им се дозволи пристап до тестот на соте заинтересирани годишни претплатници, а ако има потреба ќе повикаат и дополнителни играчи на бета тестот. Времетраењето е сеуште непознато, а и покрај тоа што нема точна дата за почеток на бетата најавата е дека ќе биде наскоро.

[youtube]nyeZ8khSEC0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии