Open Data e нов сајт кој е поддршка на иницијативата за отворено партнерство со Владата, преку кој ќе може да се најдат отворени податоци од јавен карактер кои се загарантирани според Законот за слободен пристап до информации.

Отворените податоци на сајтот (кој се уште е во изработка) се од јавен карактер за граѓаните и бизнис-заедницата. Целта им е да придонесат кон поголема институционална транспарентност, и брз и точен пристап до информации за креирање на нови бизнис модели. Досега 12 институции имаат формирано 30 сетови со податоци, кои се наменети за потребите на граѓаните и бизнисите.

Една интересна предност од оваа отворена иницијатива е што ќе може да се овозможи да се користат отворени потадоци за креирање на мобилни апликации од јавен карактер.

„Со тоа, ќе се отворат нови бизнис можности за сите провајдери во креирање и давање на услуги, воведување иновации и проширување на полињата на нивното делување, а ќе се создадат услови и за развивање нови вештини и знаења, со можности за инвестирање во нови технологии.“, вели Министерството за информатичко општество.

5 коментари на “MИОА претстави сајт за отворени податоци

  1. Nemoj da me je*es! Pa dali ste vie normalni it.com.mk?

    Poglednete go sajtot I kazhete mi kade gledate vie setovi na podatoci koi mozhe da se iskoristi za mobilni aplikacii? Ili I PDF dokumentite, HTML tabeli, Word dokumenti I linkovi odednas stanaa otvoren podatok. Aj vazhi… Samo pokazhuvame kolku sme nepismena I poltronska nacija. Sramota!

    Uspat recheno, zoshto nema potpis na avtor na ovoj tekst?

    1. a) пишавме дека сајтот е во изработка, не мора да се скокне веднаш. Добра иницијатива е, само да видиме до каде и како ќе се имплементира.
      б) Текстов е пишан од соопштение, не е нешто посебно авторси.

      1. Pa barem mozete da filtrirate koja vest ja objavuvate, ova ispagja sto na um, to na drum! Ili ispagja deka sekoj ako vi dade soopsteni vie kje go objavite?

        Ako e taka, go propushtivte pustanjeto na elektronskata prodavnica, koja neznam zosto posle zakasnuvanje od 20 godini dobi nekakva podrska od vladata. Barem takvi sajtovi se pravea pred tolku vreme. Ili I na nego treba da mu dademe shansa?

        Katastrofa…

      2. Пишавме за првата продавница како реализација на проектот, не верувам дека треба да пишеме за сите триесет кои ќе ги објави МИО. Можеби кога ќе бидат објавени сите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии